EMPLOYER BRANDING-ОТ Е ЖЕШКА ТЕМА ВО СВЕТОТ, НО И КАЈ НАС

Доколку вашата компанија бележи тренд на опаѓање на бројот на апликации и потенцијални кандидати за вработување, тоа би можело да сугерира на неповолна перцепција за вас како работодавач. Со овој проблем се соочуваат мнозинството компании во Македонија, но и во светот, а тоа е така затоа што дури 8 од 10 кандидати го земаат предвид брендот на работодавачот како важен фактор во процесот на одлучување каде сакаат да работат утре. За да стигнете до најдобрите таленти на пазарот и да бидете компанија од прв избор потребна ви е правилна стратегија за Employer Branding, а токму тоа е и темата на нашето денешно интервју со м-р Христина Лозаноска, сопственик на ВИТА ИНСТИТУТ и основач на првата македонска Академија за Employer Branding.

Што е Employer Branding и зошто во вашиот фокус овој период беше формирањето на Академијата за Employer Branding?

Секоја компанија има свое место на пазарот на трудот и своја репутација. Employer branding-от овозможува знаења и вештини со кои менаџментот на компанијата ќе може целно да делува на создавање на препознатлив и посакуван имиџ на компанијата во јавноста.

Ако менаџмент со човечки ресурси, порано се ограничуваше на интерните практики за човечки ресурси, во последните години во развојот како бизнис партнер, сè повеќе пристапот е холистички, односно акцентот се става на ефектите кои добриот менаџмент со човечки ресурси ги дава врз целокупното работење на компанијата, и особено за нејзиниот брендинг во јавноста што прави услови за подобро позиционирање на пазарот на трудот, и полесно остварување на бизнис целите на компанијата.

Од тука, Академијата за Employer Branding произлезе како поддршка на компаниите и професионалците кои сакаат да се надградат со модерни пристапи и вкрстени знаења од менаџмент со човечки ресурси, креирање и проценка на автентичниот лидерски модел во компанијата и користење на дигитален маркетинг, за поставување и спроведување на Стратегија за Employer Branding!

Во последниве неколку години Employer Branding-от стана еден од клучните трендови во индустријата, и тоа на глобално ниво. Дали тој тренд ќе продолжи и дали постои потенцијал кај македонските компании да инвестираат во ова поле?

Точно. Employer Branding-от е жешка тема во светот, и во нашата земја може да се каже дека оваа тема влегува на голема врата и ќе се исцрпува во наредните години. Секоја компанија треба да изгради своја стратегија на препознатливост, свој систем на вредности, добри практики за менаџмент со човечки ресурси и вистински начини и канали да ги комуницира со јавноста. Од овој пристап зависи одржливоста на компанијата од аспект на привлекување и задржување на квалитетни и талентирани кадри.

Сè повеќе барателите на работа, истражуваат за компанијата на интернет. Согласно истражување на Careerbuilder: “Откако нашле понуда за работа, 64% од кандидатите рекле дека ја истражувале компанијата преку Интернет и 37% рекле дека ќе преминат на друга понуда за работа доколку не можат да најдат информации за компанијата.”

Во тек се уписите за втората група на учесници на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ која ќе започне на 25 февруари. Што вклучува Академијата и за кого е наменета?

Втората група на Академијата за Employer Branding започнува на 25 февруари и е отворена за сите сектори и кандидати со различен професионален background. Искуствата со првата група беа преку работа со компании од ИКТ секторот кои се доста отворени кон овие новитети, најмногу и заради пожестоката борба за специфични таленти која постои во овој сектор, и беше со поддршка на ИТ комората МАСИТ и швајцарската Програма за зголемување на вработиливоста ИМЕ.

Академијата вклучува “masterclass” предавања за напредни ХР вештини, автентично лидерство и проценка на лидерски профили, дигитален маркетинг и секако employer branding алатки и добри практики.

По 6-те модули на овие теми следи процес на менторирање и коучинг преку кој ги поддржуваме учесниците да имплементираат дел од новините кои ќе ги научат во нивното работно опкружување.

Каков е фидбекот од досегашните учесници на Академијата?

Фидбекот е одличен! За индивидуалните учесници Академијата за Employer Branding претставуваше вистински мини акцелератор за напредни знаења за employer branding, ХР и автентично лидерство. За компаниите, беше одлична можност да имплементираат за прв пат стратегија за employer branding, или да ревидираат некои ХР практики, како на пр: регрутирање, управување со перформанси, управување со таленти и сл.

Со што се стекнуваат учесниците кои ќе ја завршат Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ?

Учесниците ќе се стекнат со признание/сертификат: Сертифициран професионалец за Employer Branding, и што е најбитно ова претставува вистински доказ дека се стекнуваат со спремност да ја организираат и водат оваа област во рамки на компанијата, познавајќи ги различните аспекти кои се потребни за да се изготви и спроведе стратегија но и кампања за employer branding!

Резервирајте го своето место на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ! За повеќе информации, отворете го следниот линк или јавете се на +389 76 202 250.

објавено од 24HR јануари 30, 2021

Превземено од 24HR – Линк:

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *