ЗА НАС

ВИТА ИНСТИТУТ поврзува врвни професионалци од Бизнис Развој, Менаџмент со Човечки Ресурси, ИТ, Управување со Промени и Позитивна Психологија, за да работат на максимизирање на човечкиот капитал и развојот на поединци, тимови и организации.

Тимот на ВИТА ИНСТИТУТ го сочинуваат докажани HR експерти и сертифицирани коучеви, како и подеднакво успешни партнериски организации.

Главната цел на ВИТА е да обезбеди целосна професионална поддршка на компаниите да ги изградат своите капацитети преку воспоставување на системи за управување со човечките ресурси, како и преку развој на лидерството во компаниите и креирање на посакуваната организациска култура.