ДИЈАГНОСТИКА НА ОРГАНИЗАЦИСКА КУЛТУРА И ОТКРИВАЊЕ НА БИЗНИС СИГНАЛИ

ВИТА ИНСТИТУТ применува QUINTAUM методологија, за дијагностика на вашата организациска култура, моменталната состојба на вашата работна сила и дали организацијата ја обезбедува културата, атмосферата и менаџирањето кое им е потребно на вашите вработени. Алатката анализира податоци користејќи 210 индикатори со преимена на научно базиран прашалник. Индикаторите се поврзани со менаџирањето со вработените, преференциите на нивното работно место и добросостојбата на вработените. QUINTAUM не е еднократно истражување - тоа е дијагностички систем, кој може да се користи периодично, со цел да се измери пулсот на долгорочното здравје, како на вашите вработени, така и на организацијата.

Како продолжение на анализата на податоците на вработените, ВИТА ви овозможува Коучинг пристап и Програма за развој на вработените.

ВИТА ИНСТИТУТ НУДИ:

Тимски и индивидуален коучинг

Тимот на овластени коучеви на ВИТА има за цел цврсто да ги поврзе членовите на тимот со визијата, идентитетот и вредностите на организацијата.

Програма за развој на вработени

Состои од 7 модули, во форма на 4-часовни интерактивни работилници

МОДУЛИ:

  • Вредности;
  • Комуникација;
  • Лидерство;
  • Емоционална интелигенција;
  • Мета програми;
  • Креативно размислуање;
  • Управување со стресот;