Македонски компании меѓу пионерите во мерење на искуството на вработените!
Во периодот од 2021-2023 година, светски признатата методологија за мерење на искуството на вработените Quintaum, беше спроведена во неколку македонски компании и организации со помош на тимот на VITA INSTITUT. Денес, беа доделени признанија на компаниите кои согласно оваа методологија имаат одлични резултати од мерењето и согласно искуството на вработените, овие компании се одлично место за работа и живот!
За Tinex признанието го прими Кристина Тодоровиќ Николиќ, генерален директор, која констатираше дека: „Потребата да се идентификуваат вистинските состојби и да се гради вистинска организациска култура со свесно лидерство, е основа за внатрешно зајакнување на компанијата кое ќе обезбеди успешна иднина и бизнис резултати!“ Честитки и до ХР директорката Sonja Naumoska!
За Kola Група признанието го прими Marina Mihajlovska, Директор на ЧР и општи служби која нагласи: „Проектите за развој на ЧР никогаш не застануваат, нашата желба е во иднина се повеќе да имаме мерење на искуството на вработените, но и други HR аналитики за носење вистински одлуки за луѓето!“ Честитки и до останатиот дел од тимот на КОЛА Група, Keti Angelkovska, Mitka Mojsovska,Magdalena Todorov, Goran Ilijevski!
За Zegin признанието и беше доделено на Sanja Krstevska, ЧР директор и Maja Topkoska, корпоративен маркетинг директор. „ЗЕГИН е компанија која ги следи трендовите на поставување современи системи за управување, и во моментот поминуваат низ трансформативен процес за зајакнување на корпоративното управување, при што мислењето и искуството на вработените e значаен индикатор!“
Признанијата ги доделија Hristina Velkovska сопственик на VITA INSTITUT и претседател на MACEX Macedonian Association For Customer and Employee Experience и Andreja Kodrin, основач и директор на Quintaum, Словенија.
Принанието ги задолжува да останат секогаш на позитивната страна на искуството на вработените и секако ќе се вклучат во националната програма за сертификација МАЦЕКС, која ќе биде и можност за споредба “benchmark” со пазарот и уште подобри увиди во сопствените состојби, како предуслов за континуирани организациски подобрувањa, долгорочно организациско здравје и компетитивност на пазарот.
Им честитаме и воедно им благодариме за довербата во име на Quintaum и VITA INSTITUT.
Овие признаија се поголеми од искуството на вработените и компаниите, овие примери и се потребни на македонската економија за поголема конкурентоност!
Leave a Reply
Want to join the discussion?Feel free to contribute!