24 HR: Како FledgeWorks ја трансформира дигиталната иднина на HR:Разговор со Илија Јованоски
Како ко-основач и технички директор на FledgeWorks, Илија Јованоски открива за 24HR дел од технолошката визија на компанијата, нејзиното позиционирање на пазарот и плановите за иднината. Во ова ексклузивно интервју зборува за тоа како FledgeWorks го менува начинот на кој компаниите управуваат со човечките ресурси преку иновативни дигитални решенија.
Како се издвојува FledgeWorks на пазарот и која е неговата стратешка предност?
Во море од комплицирани HR решенија, FledgeWorks го нуди токму спротивното: платформа што е целосна, но едноставна, моќна, но лесна за користење.
Наместо само една функција – како регрутација или следење на работно време – FledgeWorks ги поврзува сите HR процеси на едно место. Од првиот контакт со кандидатот до развојот и задржувањето на најдобрите таленти – сè е покриено, а системот е интуитивен и јасен.
Ова е платформа за сите вработени, не само и исклучиво за HR. Нашите корисници не мора да бидат ИТ експерти и со неколку клика, можат сами да прилагодат процеси и да автоматизираат рутински задачи. Така HR тимовите имаат повеќе време да се фокусираат на стратегијата, културата и луѓето – таму каде што прават најголема разлика.
А кога зборуваме за иновации – ги имаме. Fledgy, нашиот паметен дигитален асистент, им помага на менаџерите за неколку минути да подготват индивидуални планови за развој, наместо да трошат часови.
Но она што навистина не издвојува? FledgeWorks е создаден од луѓе што го разбираат HR одвнатре. Платформата е градена со знаење за реални предизвици, законски рамки и динамиката на различни пазари. Не само технолошко решение – туку партнер за модерно, човечно и паметно управување со луѓето.
Како функционира FledgeWorks во позадина?
FledgeWorks е платформа што работи преку интернет (во „облак“), па може лесно да се користи од компјутер, телефон или таблет – каде и да сте.
Технички, системот е поставен на Microsoft Azure, а архитектурно платформата е дизајнирана модуларно, со модули за секој HR процес – на пример, еден се користи за регрутација, друг за следење на работно време, трет за евалуација. Тоа ни овозможува полесно да правиме подобрувања без да влијаеме на целата платформа.
„Целиот текст прочитајте го тука“
Leave a Reply
Want to join the discussion?Feel free to contribute!