Директорката на Вита Институт, Христина Велковска , учестуваше на свеченото отворање на најголемиот промотивен настан за важноста на инвестирањето во професионален развој на административни службеници во државата

Денеска директорката на Вита Институт, Христина Велковска , зема учество на свеченото отворање на најголемиот промотивен настан за важноста на инвестирањето во професионален развој на административни службеници во државата. Таа имаше чест да го отвори настанот и да ги најави обраќањата на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, и министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кои ја истакнаа важноста на новите пристапи, едукација за создавање професионална, етичка и одговорна администрација во служба на граѓаните.

Ова претставува прва активност во која нашиот експертски тим се вклучува по склучениот Меморандум за соработка, со Министерството за јавна администрација.

На настанот се претставија со презентации неколку членови од нашиот експертски тим, со единствена цел да промовираме, охрабруваме и да помогнеме да се развива лидерски начин на размислување кај јавната администрација, затоа што лидерските принципи и принципите за добро управување се универзални принципи, применливи како во приватниот така и во јавниот сектор, истите повикуваат на поголема ефикасност, свесност, одговорност и соработка!

Градење модерна и ефикасна јавна администрација треба да биде висок приоритет за иднината на државата!