5 Години дел од Quintaum семејството!
Горди сме што веќе пет години сме стратешки партнер за Македонија на методологијата Quintaum – која ни овозможи да го покренеме процесот на масовно подигање на свеста и знаењето за тоа што навистина ја прави една организација атрактивно и здраво место за работа.
Со Quintaum, организациите низ земјата добиваат јасна слика за културата, ефективноста на лидерството, потенцијалот за раст и благосостојбата на луѓето – четирите темели на организациското здравје.
Вредноста на овој пристап се огледа и во тоа што методологијата континуирано се развива, а секојa година се одржува Masterclass за сите вклучени консултанти, каде се споделуваат нови знаења, алатки и искуства од меѓународната практика.
Веќе три години по ред ја организираме националната сертификација Quintaum / MACEX Macedonian Association For Customer and Employee Experience, и искрено сме среќни што секоја година во процесот се приклучуваат сè повеќе компании, деловни асоцијации и комори кои препознаваат дека грижата за луѓето е вистинскиот пат кон успехот.
Голема благодарност до сите партнери и организации кои се дел од оваа приказна.
Повеќе информации за начинот на вклучување во сертификацијата за 2026 година може да добиете на следните контакт адреси: contact@vitainstitut.com и contact@macex.mk




