МАЦЕКС и МАСИТ потпишаа Меморандум за соработка

Како Стопанска комора за ИКТ, веруваме дека конкурентноста на компаниите зависи од продуктивноста на вработените – а таа доаѓа од нивното задоволство и искуство.

Затоа потпишавме Меморандум за соработка со МАЦЕКС, отворајќи партнерство за подобрување на искуството на клиентите и на вработените во македонските ИКТ компании. Меморандумот го потпишаа Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски и Христина Велковска Претседателка на МАЦЕКС и Директорка на ВИТА Институт.

Силна ИКТ индустрија почнува со компании кои системски инвестираат во своите луѓе.

Во тек е националната сертификација MACEX–Quintaum 2026, за компаниите што сакаат да го измерат искуството на вработените и да добијат над 350 сигнали за организациското здравје.

Следуваат заеднички конкретни активности. Заедно ќе делуваме кон подобри работни средини и посилни и поконкурентни бизниси.