Претставници од Министерството за јавна администрација, успешно го завршија процесот на сертификација во рамките на Quintaum Partners Academy и се стекнаа со меѓународно признатиот сертификат „Certified Quintaum Facilitator“
Quintaum Partners Academy има два нови сертифицирани фасилитатори, претставнички на Министерство за Јавна Администрација.
Сертификацијата обезбедува пристап до докажана методологија и алатки за проценка на организациската зрелост, лидерството, културата и управувањето со луѓето, овозможувајќи носење поквалитетни одлуки и поддршка на институционалниот развој.

Веруваме дека стекнатите знаења и компетенции ќе придонесат за понатамошно јакнење на институционалните капацитети и за создавање поефикасна, поотпорна и јавна администрација подготвена за иднината на работните места.
Им честитаме на нашите фасилитаторки и им благодариме на посветеноста и соработката.




