Успешно реализирана Програма за лидерски и менаџерски вештини за дел од менаџмент на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија
Со задоволство ја споделуваме веста за успешно завршување на Програмата за лидерски и менаџерски вештини за дел од менаџмент на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.
Во рамки на програмата беа реализирани седум обуки насочени кон развој на клучни лидерски и менаџерски компетенции потребни за успешно водење на луѓе, тимови и организациски промени.


Веруваме дека институции се градат преку зајакнување на знаењата и вештините на луѓето. Затоа, развојот на менаџерските и лидерските капацитети во јавниот сектор претставува една од најважните инвестиции за поефикасни институции, поквалитетни услуги за граѓаните и одржливи реформи.

Благодарност до раководството и учесниците за довербата, посветеноста и активното учество во процесот на учење и развој.










