ВИТА Институт и Avenga Academy воспоставија партнерство со заедничка визија
Лидерството на иднината ги поврзува човечкиот потенцијал и моќта на вештачката интелигенција.
VITA INSTITUT и Avenga Academy воспоставуваат партнерство со заедничка визија: да ги подготват лидерите за новата ера на работење и организациска трансформација.
Современото лидерство бара разбирање на луѓето, нивната мотивација и потенцијал, но и познавање на технологиите што го менуваат начинот на кој работиме, носиме одлуки и создаваме вредност.
Токму затоа ги обединуваме нашите експертизи и ја надградуваме Лидерската програма на VITA INSTITUT со нов модул за AI за лидери, кој го осмислија и ќе го реализираат искусни предавачи од Avenga Academy.
Заедно создаваме можности лидерите да ги развиваат своите човечки и стратешки компетенции, да го искористат потенцијалот на вештачката интелигенција и посигурно да ја предводат трансформацијата на своите организации.
Сакате да го развиете лидерскиот потенцијал на вашиот менаџерски тим? Контактирајте нè за повеќе информации:
📩 contact@vitainstitut.com
📞 076 219 261
VITA Institut × Avenga Academy – Human Leadership. AI-Powered Future.




