Во динамичен и дигитален свет, каде што човечкиот капитал станува клучен двигател на успехот, компаниите сè повеќе се насочуваат кон алатки кои не само што го олеснуваат административното управување, туку и активно придонесуваат кон подобро искуство и ангажираност на вработените. Токму тука се појавува FledgeWorks – современа платформа за човечки ресурси, дизајнирана да ги дигитализира и унапреди сите HR процеси на едно место.

Од HR професионалци – за HR професионалци

FledgeWorks е создаден од четворица ко-основачи со повеќе од 50 години искуство во ИТ индустријата, стекнато преку работа во глобални компании како HP, Microsoft, IBM и Deloitte. Врз основа на докажана HR методологија, успешно применета во над 40 компании, ја развивме FledgeWorks HRM платформата како практично, достапно и лесно прилагодливо дигитално решение за унапредување на HR процесите.

Целиот текст прочитајте го тука

Компетентните менаџери и инспиративните лидери се двигатели на успехот на секоја компанија – а токму оваа акредитирана програма од Центарот за образование на возрасни при МОН е создадена да ги изгради!

За кого е наменета програмата?

  • Менаџери и претприемачи кои сакаат да го подигнат својот професионален капацитет
  • Амбициозни професионалци кои градат кариера во менаџмент
  • Компании кои инвестираат во луѓе и во нивниот развој

МОДУЛИ НА ПРОГРАМАТА:

1. Лидерство и организациска култура

2. Стратешки бизнис развој и иновации

3. Менаџмент на човечки ресурси

4. Маркетинг и дигитална трансформација

Четири фокусирани модули со комбинација на теорија и практика за развој на клучните компетенции на современиот менаџмент.

СТРУКТУРА:

Времетраење: 8 месеци

Вкупно: 120 часа теоретска и практична настава

Изведба: 3/4 дена месечно (16:00ч– 20:00ч)

Работа со ментор/експерт на реален проект за вашата компанија.

Поврат на инвестицијата (ROI): во најкраток рок, преку демонстрација на новостекнатите знаења и вештини директно во вашиот бизнис.

Инвестицијата во знаење и вештини е инвестиција во иднината!

Уписите за групите за 2026 се во тек!

Не чекај – инвестирај во твојата иднина денес.

Линк до програмата:

Контакт за пријави:

+389 76 219 261

+389 78 436 191

contact@vitainstitut.com

Министерството за јавна администрација на и Вита Институт за истражување, едукација, менаџмент консалтинг и коучинг од Скопје, денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на професионалните, менаџерските и лидерските капацитети на јавната администрација.

Овој Меморандум ја потврдува целосната заложба на Министерството за развој и јакнење на човечките ресурси на сите нивоа во јавната администрација.

Преку оваа соработка, Министерството за јавна администрација ќе обезбедува системски пристап кон професионалната едукација и континуираното јакнење на човечките ресурси на сите нивоа во јавниот сектор. Дополнително соработката со Вита Институт во рамки на програмите за менаџерски и лидерски развој ќе ја унапреди професионалноста, ефикасноста и современото управување во јавната администрација.

„Овој Меморандум ја потврдува нашата заложба за континуиран развој на јавната администрација и зајакнување на капацитетите на службениците на сите нивоа, со цел обезбедување професионална и ефикасна услуга за граѓаните,“ – истакна Горан Минчев, министер за јавна администрација.

Вита Институт, пак, преку своите програми придонесува кон развојот на лидерските и менаџерските капацитети преку примената на универзални принципи и пренос на добри практики од приватниот сектор и меѓународни искуства од јавниот сектор.

Со тоа се овозможува стекнување на применливи знаења и практични вештини кои директно ги поддржуваат реформските и развојните цели на институциите.

„Со ова партнерство ги комбинираме знаењата и експертизата од приватниот и јавниот сектор за да создадеме програми кои директно ги поддржуваат лидерските и менаџерските развојни цели на јавната администрација,“ – потенцира Христина Велковска, директорка на Вита Институт.

Министерството за јавна администрација и Вита Институт ќе соработуваат во повеќе области, вклучително размена на информации, усогласување на годишните програми за едукација, организирање на едукативни настани и конференции, како и примена на иновативни методи и меѓународни добри практики.

Инвестицијата во луѓето е инвестиција во иднината на јавниот сектор.

Кариерата и успехот на раководна позиција не се резултат на случајност, туку на континуирано вложување во менаџерски и лидерски вештини, со цел создавање промени кои траат.

ВИТА ИНСТИТУТ ја разви оваа експертска програма која ги обединува универзалните принципи на ефективен и ефикасен менаџмент, применети специјално за зајакнување на јавниот сектор.

Што добиваат учесниците?

  • Интерактивни предавања и дискусии
  • Вмрежување, тимска работа и симулации на процеси во јавна институција
  • SWOT анализи на институционални капацитети
  • Пренос на добри практики од приватен во јавен сектор
  • Изработка на реален проект со менторство и имплементација во матичната институција

МОДУЛИ НА ПРОГРАМАТА:

1. Стратешки менаџмент и јавни политики (15 ч.)

2. Одржливост, ESG, иновации и дигитализација (15 ч.)

3. Правна рамка и регулативи во јавна администрација (10 ч.)

4. Управување со човечки ресурси (22,5 ч.)

5. Лидерство, организациска култура и вредности (20 ч.)

6. Маркетинг, комуникација и јавна перцепција (10 ч.)

7. Јавни финансии, буџетирање и пристап до фондови (20 ч.)

8. CEO во јавен сектор – Улогата на извршниот директор (7,5 ч.)

СТРУКТУРА НА ПРОГРАМАТА:

Времетраење: 8 месеци

Динамика: 2 работни денови месечно

Вкупно: 120 часови теоретска и практична настава

Клучен бенефит: Работа со ментор на реален проект за вашата институција – највистинскиот поврат на инвестицијата (ROI)

Уписите за групите за 2026 се во тек!

Сега е вистинскиот момент за инвестиција во себе и во институцијата што ја водите.

Пријави се денес и стани дел од новата генерација лидери во јавниот сектор!

Линка за програмата:

Контакт за пријави:

+389 76 219 261

+389 78 436 191

contact@vitainstitut.com

Започни ја твојата трансформација со Business NLP Practitioner програмата на Вита Институт, старт во октомври 2025!

Дали си подготвен/а да го искористиш полниот потенцијал на твојот ум и да направиш промена што ќе трае цел живот?

Оваа меѓународно сертифицирана програма од NLP Global Standards Association е дизајнирана да ти помогне да постигнеш извонредни резултати во работата, во комуникацијата со луѓето и во сите аспекти на твојот личен и професионален живот.

Што ќе научиш и добиеш?

  • Како твојот ум ги креира мислите, емоциите и однесувањето, и како да ги насочиш кон успех
  • Моќни NLP техники за ефективна и влијателна комуникација
  • Алатки за донесување подобри одлуки и решавање проблеми со леснотија
  • Подобрување на лидерски вештини, управување со тимови и градење доверба
  • Поставување јасни цели и нивно постигнување побрзо и поефикасно
  • Зголемување на фокусот, мотивацијата и внатрешната сила
  • Начини како да ги надминеш ограничувачките верувања и да создадеш позитивни промени

Детали за програмата:

Времетраење: 7 месеци

Структура: 6 модули и 120+ часа практична обука

Формат: Комбинација од интерактивни предавања, практични вежби, групна работа и личен развој

Тренер: Сертифициран NLP тренер Весна Кардалевска

Програмата е создадена за сите што сакаат:

  • Да станат поуспешни лидери и менаџери
  • Да ја подобрат комуникацијата со себе и другите
  • Да ја зголемат својата самодоверба и мотивација
  • Да најдат балансиран и свесен пристап кон животот

Ова е твојата можност да инвестираш во себе и да ја започнеш трансформацијата што ќе те води кон одржлив успех.

Бројот на места е ограничен, пријави се навреме!

Контактирај нè и стани дел од Business NLP Practitioner 2025!

+389 76 219 261

+389 78 436 191

contact@vitainstitut.com

Под водство на Весна Кардалевска, учесниците на последните NLP обуки не добија само нови алатки – тие стекнаа нова перспектива.

Програмата Business NLP Practitioner им овозможи да:

  • ги препознаат несвесните обрасци на однесување,
  • ја продлабочат својата комуникација,
  • изградат автентично лидерство со свесност.



Секој модул беше патување на лично и професионално освестување, а резултатите – видливи, моќни и трајни.

Благодарност до сите учесници за храброста, отвореноста и желбата за раст. Новата група започнува наскоро – следете нè!

Менаџери, амбициозни млади луѓе, идни лидери, сопственици на бизниси… сите тие се дел од нашите групи на меѓународно акредитираната програма за Business NLP Practitioner!

Во рамките на оваа програма, учесниците, под водство на нашиот искусен бизнис коуч и НЛП тренер Весна Кардалевска ќе научат како успешно да се центрираат во своите животни улоги и да:

  • Ја подобрат комуникацијата
  • Го зајакнат своето лидерство
  • Зголемат продуктивноста
  • Влијаат позитивно на организациската култура
  • Поставуваат и остваруваат цели
  • Подобрат процесот на донесување одлуки


Низ добро структурирани модули и индивидуално менторство, учесниците активно работат на развој на овие клучни вештини.

За сите прашања и информации за нови групи, контактирајте не

Како ко-основач и технички директор на FledgeWorks, Илија Јованоски открива за 24HR дел од технолошката визија на компанијата, нејзиното позиционирање на пазарот и плановите за иднината. Во ова ексклузивно интервју зборува за тоа како FledgeWorks го менува начинот на кој компаниите управуваат со човечките ресурси преку иновативни дигитални решенија.

Како се издвојува FledgeWorks на пазарот и која е неговата стратешка предност?

Во море од комплицирани HR решенија, FledgeWorks го нуди токму спротивното: платформа што е целосна, но едноставнамоќна, но лесна за користење.

Наместо само една функција – како регрутација или следење на работно време – FledgeWorks ги поврзува сите HR процеси на едно место. Од првиот контакт со кандидатот до развојот и задржувањето на најдобрите таленти – сè е покриено, а системот е интуитивен и јасен.

Ова е платформа за сите вработени, не само и исклучиво за HR. Нашите корисници не мора да бидат ИТ експерти и со неколку клика, можат сами да прилагодат процеси и да автоматизираат рутински задачи. Така HR тимовите имаат повеќе време да се фокусираат на стратегијата, културата и луѓето – таму каде што прават најголема разлика.

А кога зборуваме за иновации – ги имаме. Fledgy, нашиот паметен дигитален асистент, им помага на менаџерите за неколку минути да подготват индивидуални планови за развој, наместо да трошат часови.

Но она што навистина не издвојува? FledgeWorks е создаден од луѓе што го разбираат HR одвнатре. Платформата е градена со знаење за реални предизвици, законски рамки и динамиката на различни пазари. Не само технолошко решение – туку партнер за модерно, човечно и паметно управување со луѓето.

Како функционира FledgeWorks во позадина?

FledgeWorks е платформа што работи преку интернет (во „облак“), па може лесно да се користи од компјутер, телефон или таблет – каде и да сте.

Технички, системот е поставен на Microsoft Azure, а архитектурно платформата е дизајнирана модуларно, со модули за секој HR процес – на пример, еден се користи за регрутација, друг за следење на работно време, трет за евалуација. Тоа ни овозможува полесно да правиме подобрувања без да влијаеме на целата платформа.

Целиот текст прочитајте го тука

Доделени наградите QUINTAUM – Македонските компании одлично место за работа и живот!

Успешно се одржа третата Интернационална конференција за искуство на клиенти и вработени во организација на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени, МАЦЕКС и Вита Институт. На конференцијата беа доделени и наградите QUINTAUM – Македонските компании одлично место за работа и живот!

На отворањето претседателката на МАЦЕКС, Христина Велковска го истакна значењето на искуството и како истото ги менува бизнисите: „Компаниите што создаваат супериорно искуство за клиентите и вработените можат да наплатат до 16% повеќе – и да градат лојалност што не се купува со попусти. Едно е повеќе од јасно, компаниите не можат да понудат брзо, интуитивно, и технолошки овозможено искуство на клиентите, ако нивните внатрешни процеси за вработените се бавни, на хартија и неповрзани. Но, и покрај автоматизацијата, 82% од клиентите сакаат повеќе човечка интеракција, особено во комплексни или чувствителни ситуации. Емпатијата, грижата и автентичната комуникација не можат лесно да се автоматизираат. Затоа зборуваме за Емоционална интелигенција кај луѓето, автентично лидерство и моќта на ефикасната комуникација.”

На отворањето Амбасадорот на Словенија господинот Грегор Прескер како голем поддржувач на активностите на МАЦЕКС истакна: „Нема поважно од луѓето и човечкото искуство! Предизвик е за македонската економија да се унапредува и да ги задржува талентите во земјата!”

По втор пат беа доделени и наградите QUINTAUM, на компании орентирани кон луѓето. “Мисијата ни е да ги потикнуваме македонските компании да се трансформираат во одлични места за работа и живот” – истакна Христина Велковска.

Годинава има 5 компании кои ги исполнија критериумите. Од кои 4 ја добија наградата „Одлично место за работа и живот”, а една ја доби наградата “Добро место за работа и живот”.

  • Во категоријата микро и мали компании „Анни Фарм” ја доби наградата „Одлично место за работа и живот”
  • Во категоријата средни компании „КРОАЦИЈА НЕЖИВОТ” и „КОЛА ГРУПА” ја добија наградата „Одлично место за работа и живот”
  • Во категоријата големи компании: „ТИНЕКС” ја доби наградата „Добро место за работа и живот” додека „ЗЕГИН” ја доби наградата за „Одлично место за работа и живот”.

Претставници на компаниите ги примија наградите, со порака до сите дека оваа дијагностика им помага да ги согледаат состојбите и по фокусирано да работат на подобрување, сите потврдуваат дека да се знае искуството на вработените е многу важно и претставува прв сигнал за успехот на компанијата!

Основачката на QUINATUM дијагностиката, др. Андреја Кодрин појасни: “Оваа година резултатите на национално ниво укажуваат дека има подобрување во однос на продуктивноста, ефикасноста на менаџментот и подготвеноста за раст и развој кај вработените, додека послаби остануваат задоволството од финансиските и нефинансиските награди и исцрпеноста од работа за што не постојат доволно начини за баланс и добросостојба за вработените.”

Референци: https://marketing365.mk/uspesno-se-odrza-tretata-internacionalna-konferencija-za-iskustvo-na-klienti-i-vraboteni-vo-organizacija-na-makedonskata-asocijacija-za-iskustvo-na-klienti-i-vraboteni-maceks-i-vita-institut/

Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени – МАЦЕКС и Вита Институт го означија почетокот на процесот за националната сертификација за 2025 „Македонски компании одлично место за работа и живот“, базирана на Quintaum дијагоностиката.

Целта на оваа сертификација е трансформација на македонските компании во инспиративни работни средини каде што добросостојбата и потребите на вработените се основен приоритет. Quintaum методологијата овозможува анализа на над 350 бизнис-сигнали, со што компаниите добиваат практични алатки за зајакнување на организациското здравје, поттикнување на лидерството, иновации, раст, адаптација и подигнување на нивото на искуството и добросостојбата на вработените.

Во рамките на настанот, беше презентиран процесот на сертификација, како и потпишани меморандуми за соработка со партнерите кои ја поддржуваат оваа иницијатива: Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, МАСИТ – Комората за информатички и комуникациски технологии, Друштво на словенечки и македонски стопанственици, M6 Едукативниот центар, Сојузот на стопански комори на Македонија како и Стопанската комора на Северозападна Македонија.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер кој активно го поддржува процесот на сертификацијата, истакнувајќи ја неговата важност за намалување на одливот на кадар од нашата земја.

Овој значаен процес ќе кулминира со свеченото доделување на сертификатите на конференцијата Firestarter ’25, планирана за април оваа година.

„Се гордееме што ја започнуваме оваа иницијатива која ја трансформира нашата деловна култура и праќа силна порака дека Македонија е место каде што луѓето можат да се развиваат и растат. Quintaum методологијата не е само сертификација, туку стратегија за унапредување на организациското здравје и зајакнување на лидерството,“ изјави Христина Велковска, претседателка на МАЦЕКС и сопственик на Вита Институт.

Со овој чекор, МАЦЕКС и Вита Институт го отвораат патот за градење подобро работно опкружување и повисоки стандарди на македонскиот пазар на труд.

Повеќе фотографии од настанот се достапни за преземање и објавување преку следниот линк: https://we.tl/t-1fOAOJ7lkl

Референци: https://24hr.mk/maceks-i-vita-institut-go-zapochnaa-procesot-za-nacionalnata-sertifikacija-za-2025-makedonskite-kompanii-odlichno-mesto-za-rabota-i-zhivot/?fbclid=IwY2xjawIWzylleHRuA2FlbQIxMAABHb8edhBeFhaamcfuVirEFdLqub5umdM6lNyzytCVjI0OuWmOJoaijqPX4w_aem_CAo03R6FGCYeqb7jwyi0dw