Лидерството започнува со луѓето.
Имавме чест да реализираме обука за лидерство со директорите на јавните претпријатија, училиштата, детските градинки и раководните лица од Општина Илинден.
Во текот на обуката разговаравме за современите лидерски пристапи, носењето одлуки и улогата на лидерот во создавање организациска култура заснована на доверба, соработка и одговорност.
Веруваме дека инвестицијата во развојот на лидерските компетенции е клучна за поефикасни институции, подобри тимови и поквалитетни услуги за граѓаните.
Благодарност до Општина Илинден за довербата и активното учество на сите присутни. Ни претставува особено задоволство кога заедно придонесуваме кон развој на лидерството во јавниот сектор.

