Политика за приватност
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е ВИТА ИНСТИТУТ ДООЕЛ Скопје во натамошниот текст: ВИТА ИНСТИТУТ),со седиште на ул.Лука Геров бр. 57, 1000 Скопје..
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
Посетители на нашата интернет страна - https://vitainstitut.com/
Собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб-страница.
Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња..
Правен основ: легитимен интерес на контролорот (чл. 10 ст. 1 т. 6 од ЗЗЛП).
Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Правен основ: законска обврска на контролорот (чл. 10 ст. 1 т. 3 од ЗЗЛП и Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер).
Учесници на обуки, конференции и настани
Лични податоци за цели на спроведување на обуки и настани организирани од ВИТА ИНСТИТУТ.
Правен основ: исполнување на договорна обврска (чл. 10 ст. 1 т. 2 од ЗЗЛП) или согласност, доколку е изречно побарана.
Категории на приматели
Личните податоци може да бидат достапни на:
-
вработените во ВИТА ИНСТИТУТ задолжени за спроведување на конкретната обработка;
-
обработувачи на лични податоци (надворешни даватели на услуги), кои постапуваат исклучиво по инструкции на ВИТА ИНСТИТУТ;
-
надлежни органи (суд, полиција, инспекциски органи), кога тоа е законски предвидено.
Категории на податоци кои се обработуваат
1. Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
-
Вашата интернет протокол (IP) адреса;
-
Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
-
Вашиот оперативен систем;
-
Видот на пребарувачот, и верзија;
-
Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
-
URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на ВИТА ИНСТИТУТ;
-
Јазикот на пребарувачот кој го користите
-
Држава (се одредува преку IP адресата).
2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Може да собереме некои од следниве категории на лични податоци:
-
Име и презиме,
-
Адреса,
-
Контакт телефон,
-
Електронска адреса и
-
Град.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
-
преку Вашето користење на нашата веб-страница, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
-
преку нашата официјална електронска адреса: contact@vitainstitut.com
Категориите на корисници на лични податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со он-лајн (on-line) услугите достапни преку интернет страната на ВИТА ИНСТИТУТ, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
-
во случај на ангажирање на даватели на услуги ако ВИТА ИНСТИТУТ ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на ВИТА ИНСТИТУТ и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
-
по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на ВИТА ИНСТИТУТ..
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
-
право да бидете информирани за обработката на личните податоци
-
право на пристап до личните податоци
-
право на исправка и бришење на личните податоци
-
право на ограничување на обработката на личните податоци
-
право на приговор.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Габриела Милошевскана следниов e-mail: contact@vitainstitut.com
Право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП)
Ако сметате дека начинот на кој ВИТА ИНСТИТУТ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на лични податоциможете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Барањето може да се поднесе преку веб страната на АЗЛП или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за „контакт” на нивната веб-страница.
Ажурирања на политиката
Политиката за приватност се ажурира редовно и секоја измена ќе биде објавена на веб-страницата на ВИТА ИНСТИТУТ.
Автоматизирано одлучување
ВИТА ИНСТИТУТ не спроведува автоматизирано донесување одлуки.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.
