Тренери
Издигнете ја вашата тренерска кариера на повисоко ниво, преку употреба на стручни стратегии и влијателни лидерски техники.
Водете ја иднината на спортот со програмата „Лидерство во спортот“.
Успехот во спортот не е одреден само од талентот – важна улога има и лидерството. За развој на најдобрите спортисти се заслужни тренери-визионери, а најсилните тимови се градени од ефективни менаџери. Програмата ,,Лидерство во спортот", методологија на Lambridis & Co., е клучот за откривање и остварување е на потенцијалот кај спортистите и тимовите. Оваа револуционерна програма, им обезбедува на спортските клубови, тренерите и менаџерските тимови стратегии, увид и алатки за создавање на средини со високи перформанси, градење на победничка култура и остварување на долгорочен успех.
Во ВИТА ИНСТИТУТ, еден од клучните постулати е размислувањето дека лидерството е основа на секој победнички тим
Програмата ,,Лидерство во спортот" е повеќе од обична тренинг програма – станува збор за трансформациско искуство што го подигнува квалитетот на вашето тренирање, ги усовршува вашите стратегии за менаџирање и ве оспособува да изградите култура на успех.
Поддржана од науката, и воедно тестирана преку практична примена, нашата меѓународно признаена методологија од Lambridis & Co., обезбедува практични вештини за постигнување на врвни перформанси.
Методологијата на Ламбридис, именувана по д-р Никос Ламбридис — поранешен фудбалер на ФК ПАОК, кој e истакнат експерт за организациска психологија и невронаука — ги поврзува елитните спортски перформанси и корпоративното лидерство.
Неговата докторска дисертација, „Од фудбалскиот терен до собата за одлуки“,истражува како развојот на таленти, врвното тренерство и невронауката беспрекорно се пренесуваат во бизнис лидерството.
Заедно со д-р Ламбридис & Co., креиравме методологија која ги оспособува тренерите, менаџерите и спортските професионалци да водат со прецизност, стратешки да развиваат таленти и да поттикнуваат врвни перформанси во секое опкружување.
Програмата е креирана од најуспешните и најквалификуваните
професионалци во индустријата!