КАКО ДА ГИ ПРИВЛЕЧЕТЕ И ЗАДРЖИТЕ ТАЛЕНТИТЕ ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА
Академијата за Employer Branding е наменета за извршните директори и професионалци од областа управување со човечки ресурси. Учесниците на Академијата ќе имаат можност да соработуваат со врвни HR експерти од ИКТ секторот, како и искусни коучеви од ВИТА Институт.
Ние сме посветени да им помогнеме на нашите клиенти да ги стекнат придобивките од задржувањето на талентите, високата работна ефикасност на вработените и прифаќањето на разновидноста на работното место. Академијата за Employer Branding овозможува уникатен пристап, комбинирајќи тренинг програма (составена од 6 модули) и индивидуални менторски и коучинг сесии за извршните директори на компанијата или/и професионалците од областа управување со човечки ресурси. Преку индивидуализирани процеси предводени од тимот на експерти на ВИТА Институт, одделот за човечки ресурси на вашата компанија (или извршниот директор на компанијата) ќе добие поддршка во процесот на прилагодување на постоечките политики или при воведување на нови политики, кои соодветствуваат на капацитетите на вашата компанија.
Главната цел на Академијата за Employer Branding е да им овозможи на компаниите да градат внатрешни компетенции и експертиза, потребни за решавање на главните предизвици со Employer Branding-от на компанијата и како резултат да воведат нови политики и процедури во компаниите со цел да ги привлечат, мотивираат и да ги задржат квалификуваните вработени во редовите на компанијата.
ПРЕПОРАКИ ЗА АКАДЕМИЈАТА
Успехот не е случаен! Во ерата на брзите промени и борбата за таленти, моќта на брендирањето на работодавците и искористувањето на целосниот потенцијал на социјалните медиуи станува неопходно за привлекување, вработување и задржување на најдобрите таленти.
Кога сонуваме за освојување на светот и кога магнитудата на целите понекогаш ги надминува нашите можности, треба да се тргне од полна шоља кафе и соодветен круг на луѓе.