-Нашата мисија како експертски тим секогаш ќе биде континуирано учење и развој и за нас самите, следење нови трендови и инвестирање во нови продукти со кои ќе им ја даваме најдобрата поддршка на нашите клиенти. Се надеваме дека овој пристап ќе придонесе до нашиот следен јубилеј да ја зајакнеме уште повеќе нашата позиција на пазарот и да бидеме лидери во модерно и апликативно консултантсво! – Вели Христина Велковска од Вита институт.

После 5 години успешна работа, што можете да издвоите како најзначајни аспекти и автентичност на ВИТА ИНСТИТУТ како македонска консултантска куќа, и секако која е вашата визија како основач и управител?

Нашиот успех се создава веќе пет години преку нашата континуирана работа, од еден до друг успешно завршен проект, со што поставиме здрави основи на кои ја градиме одржливоста во бизнисот, како модерна македонска консултантска куќа. Вербата дека оваа одржливост е возможна и дека може македонски тим на консултанти да даде целосна поддршка на компаниите за големи проекти за реорганизација и развој, е мојот најголем личен придонес. Мојата визија во време на основање на Вита Институт, но и денес е да изградиме холистички пристап во консултанството, каде бизнисите,  искуството на корисниците на бизнисите и искуството на вработените ќе се гледа комплементарно и со исто значење.

Од самиот почеток, Вита Институт е замислена да биде платформа со различен вид на консултанти и диверзифицирано портфолио на услуги и продукти кон бизнис секторот. Знаењето и довербата во консултантскиот тим е најбитна за големината на проектите и нивната успешна реализација. Задоволството од успешно завршен проект на кој работел тимот е многу поголемо за мене од моите лични достигнувања како консултант и коуч. Всушност тоа прави успешно претприемништво во консултанството, затоа што и најдобриот експерт е ограничен ресурс, во однос на тимската работа.

Понудивме автентиченост и одлучност со кои создадовме доверба кај македонските менаџерски тимови и остваривме многу соработки и успешни проекти во изминатите години со повеќе компании, а што е најважно за нас изградивме партнерски релации и нивните врати останаа отворени за подолгорочни проекти и активности на кои и тековно работиме.

Воедно, како модерна консултантска куќа станавме застапници за светски признати продукти во делот на аналитика/ дијагностика на организациска култура, дигитализација на менаџмент процеси во делот на менаџмент со човечки ресурси и слично.

На кој начин успеавте со Вита Институт да направите една успешна консултантска приказна која ги поместува границите со големи проекти, водени од локален македонски консултантски тим, за реорганизација на македонските семејни компании?

Најголемите проекти на кои сме работеле и некои од нив се веќе успешно завршени, а некои се сеуште во тек се проекти на трансформација на македонските компании во услови на преземање на компаниите од втората генерација на сопственици. Во светски рамки само 30% од семејните бизниси успеваат да опстанат по преземање од втората генерација на сопственици. Притоа во основа на овие проекти е поставување на професионални ситеми за стратешко управување во делот на стратешкиот менаџмент. Во делот менаџмент со човечки ресурси исто така работиме по светски познати методологии за поставување на процесите, дефинирање на модерни органограми, систематизација и системи за плати и наградување, системи за управување со перформанси,  како и дигитализација на процесите. Во моментот работиме вакви процеси во две компании, а во минатите години имаме реализирано неколку значајни проекти од овој вид за едни од најголемите македонски компании кои се и по неколку годишни соработки. Во нашиот тим сме македонски консултанти со различна експертиза: ревизори, менаџмент консултанти, ХР консултанти, коучеви и имплементатори на софтвер. Со нашата успешна работа на овие проекти, покажавме дека не секогаш само скапо платени странски консултанти можат да понудат решенија и сигурност за ваков тип на проекти. Воедно, нашиот локален карактер значи и многу по прифатливи услови за нашите клиенти.

Што за вас претставува довербата која ја добивате од менаџментот на компаниите за зајакнување на лидерските компетенции на нивните менаџерски структури?

Коучингот за менаџерите е многу моќна методологија со која се гради култура на самосвеснот, самокритичнист и отвореност за да се прими фидбек, и да се дефинираат развојни потреби. Ние добро го познаваме менталитетот на нашите луѓе и имаме одлични достигнувања со менаџерите преку тимски и индивидуални трансформации.

Големата професионалност и доверливост со која пристапуваме кон нашите клиенти, и партнерскиот однос кој го градиме преку различен тип на поддршка кон компаниите се клучни да имаме успех во соработката. Добрите ефекти од работата стануваат видливи и тоа е единствен критериум за прифаќање, а времето е критериум за квалитетот на работата. Управувањето со промените во компаниите е дел од нашата експертиза како коучеви и ни дава конгруентност да водиме сложени процеси, со многу засегнати страни во компаниите. Воедно, и само преку вистинска усогласеност во менаџерските тимови може да се спроведат посакувани промени.

Само во моментот имаме тековни индивидуални коучинг процеси со над 100 менаџери од повеќе различни компании, и дваесетина групи за тимски лидерски програми и тимски коучинг, а нашиот тим брои 4 искусни сертифицирани бизнис коучеви.

Благодарноста за дадената доверба од нашите клиенти е нашиот мотив секогаш да направиме повеќе од очекуваното, и секако со голема сериозност и посветеност да ги придружуваме клиените, тимовите и индивидуите во нивните трансформативни процеси со кои го зголемуваат квалитетот на својот живот.

Која е вашата визија за наредните 5 години? Каде ја гледате иднината на ВИТА ИНСТИТУТ?

Дефинитивно ќе се посветиме на континуирано растење и преземање на проекти согласно јасно дефинираната стратегија за бизнис развој, а секако бизнис развојот е најсложениот, но и најпредизвикувачкиот дел од мојата работа како претприемник и основач на ВИТА ИНСТИТУТ.

Воедно, нашата мисија како експертски тим секогаш ќе биде континуирано учење и развој и за нас самите, следење нови трендови и инвестирање во нови продукти со кои ќе им ја даваме најдобрата поддршка на нашите клиенти. Се надеваме дека овој пристап ќе придонесе до нашиот следен јубилеј да ја зајакнеме уште повеќе нашата позиција на пазарот и да бидеме лидери во модерно и апликативно консултантсво! 

Во исто време вие сте претседателка на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени, МАЦЕКС. Како оваа волонтерска работа ја надополнува вашата визија и работа во ВИТА ИНСТИТУТ?

За постигување на големи визии, неопходно е да се вложува и во професионални вмрежувања и вклученост во општествени движења како што е формирањето на МАЦЕКС. Преку активностите на асоцијацијата, поврзуваме различни бизниси, професии и потреби кон споделени визии за развој. Мотото на МАЦЕКС е „Преку среќни вработени, до задоволни клиенти“. Во исто време вклучени сме и во една поширока активност за регионално вмрежување, организација на road-show, интернационална годишна конференцијата FIRESTARTER која со поддршка на тимот на ВИТА ИНСТИТУТ, а под покровителство на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени, МАЦЕКС, ја организиравме во Скопје за прв пат оваа година.

ЖЕНСКИ МАГАЗИН – https://www.zenskimagazin.mk/hristina-velkovska–vita-institut–doverbata-koja-ni-ja-davaat-nashite-klienti-e-motiv-za-nas-sekogash-da-napravime-povekje-od-ochekuvanoto?fbclid=IwAR3HbeMLSlHjlqnY-efRU5g2XPAbki6U_M55gvl-QZyQGm-VffTLRH40rXo