Во современиот свет лесно е да се почувствуваме преоптоварени од технологијата – без разлика колку и да сме свесни дека истата ни е од корист при извшување на секојдневните обврски. Во нашиот личен и професионален живот, се чини дека имаме апликација за сè. Затоа, не е изненадување дека сè поголем број на луѓе го користат пристапот „less is more“, го намалуваат времето поминато пред екранот и внимателно ги селектираат апликациите кои ги користат.

Кога станува збор за функционирањето на HR одделите, истражувањата покажуваат дека 7 од 10 оддели за HR сè уште ја немаат технологија која им е потребна за да си овозможат ефикасна работна средина. 

Една од причините зошто компаниите би можеле да се оддалечат од потребната технологија е всушност потребата да користат помал број различни алатки. Ова двоумење може да резултира и со тоа менаџерите да се ограничат на помалку опции и да изберат да се фокусираат на алатките што веќе ги имаат, наместо да ја зајакнат својата дигитална инфраструктура со дополнителни функционалности. Меѓутоа, во пракса е докажано дека многу може да се придобие од менувањето и подобрувањето на апликациите.

На пример, многу наши клиенти доаѓаат кај нас со веќе вграден софтверски систем за човечки ресурси, но софтверот кој го користат не им овозможува алатки за управување со перформанси, платформа за регрутација, работно време…. Слично, повеќето компании имаат алатки за управување со цели, но, и покрај тоа што овие алатки играат важна улога, тие не ги дефинираат и интегрираат стратешките цели на компанијата. И од таа причина, би сакале да ви појасниме зошто FledgeHR е единствената, сеопфатна, софтверска платформа која ќе ви биде потребна.

И покрај тоа што станува збор за софтвер, FledgeHR, пред се допринесува во градењето на посакувано работно место чија главна одлика е позитивна организациска култура. Станува збор за организациска култура која ги разбира потребите и потенцијалот на вработените, ја подобрува работната ангажираност, им заштедува на време на вработените, преку поставување на јасни и концизни цели и гo оттргнува HR одделот од мануелни административни задачи.

Но, да се задржиме на еден од виталните модули на FledgeHR – модулот „Управување со перформанси“. Модулот им обезбедува увид на корисниците во нивните цели на индивидуално, тимско и на организациско ниво, овозможувајќи им поголем надзор над нивниот напредок.

Односно, FledgeHR им прикажува на корисниците поинаков објективен приказ на нивните перформанси и поставени цели. Наместо список со задачи или пак проектен план, модулот „Управување со перформанси“ поттикнува гледиштето да се темели на амбициите на корисникот на подолг времески период. Оваа рамка и начин на согледување на улогата на корисникот во успехот на организацијата, освен тоа што овозможува поефикасно насочување на секојдневениот напор, исто така им овозможува  на корисниците да откријат каде сакаат да бидат за една година. 

На овој начин, многу е полесно да се добие чувство за тоа како завршувањето на целта влијае на севкупниот напредок, и корисниците можат подобро да го разберат значењето на нивните сопствени цели за успехот на организацијата. 

Конечно, дополнителните функции како што се аналитика на луѓе, листи за задачи, барање повратна информација за целите, овозможуваат да се остане на врвот на секој циклус на управување со перформанси и да се следи напредокот.

Со други зборови, софтверот освен што нуди оптимален начин на дигитално фукционирање, истовремено ја поедноставува работата, ја зголемува транспарентноста и се придржува до најсовремените HR методологии. FledgeHR на своите корисници им ја гарантира платформата со која ќе можат да ја одржат долгорочната визија на вистинскиот пат.

Автор: Цецилија Велковска

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *