ОГЛАС ЗА РАБОТА НА ПРОЕКТИ ВО ОБЛАСТА „HR СОФТВЕР ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА“
ВИТА ИНСТИТУТ е професионален институт за едукација, менаџмент консалтинг и коучинг, фокусиран на организацискиот развој и развојот на луѓето, лидерството и организациската култура на компаниите. ВИТА ИНСТИТУТ, во соработка со PrymApps обезбедува единствена методологија за имплементација на HR Software (FlegeHR – сеопфатно софтверско решение за управување со човечкиот капитал), која е прилагодена на нивото на развој, големината и обемот на компаниите.
Софтвер имплементаторот има за цел собирање и евидентирање на податоци во Excel, темелно познавање на софтверот, помош на клиентите при користење на софтверот.
Потребни квалификации и вештини:
- дигитална писменост (задолжително познавање на Microsoft Excel)
- задолжително познавање на англискиот јазик;
- поседување комуникациски вештини и вештини за тимско работење;
- флексибилност, исполнителност и одговорност;
- претходно работно искуство НЕ е задолжително;
Работни задачи:
- Прибирање на податоци во Excel формат и нивно правилно евиденрирање.
- Познавање на софтверот и правилно користење на модулите.
- Обучување на клиентите како да го користат софтверот.
- Обезбедување поддршка за нашите клиенти преку телефон, е-пошта и разговор;
- Евидентирање на барањата на клиентите.
Доколку имате желба да бидете дел од нашиот тим, посветени сте, амбициозни, креативни, насочени кон постигнување резултати, vе покануваме да се пријавите преку e-mail на contact@vitainstitut.com најдоцна до 18.02.2022, со доставување на:
– Вашата професионална биографија (CV)
ЗАБЕЛЕШКА: Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју и на дополнителни обуки за користење на софтверот.